Линкови за пристапност

Сириските сили влегоа во град близу турската граница


Постигнат е договор сириските Курди да влезат во регионот во обид да се справат со турската инвазија

Сириските сили денес влегоа во град близу турската граница, ден откако беше постигнат договор со сириските Курди да влезат во регионот во обид да се справат со турската инвазија.

Договорот меѓу Курдите, Сирија и Русија дојде откако пред четири дена турските сили ги нападнаа Курдите во северниот дел на Сирија, откако речиси сите американски сили беа повлечени од регионот.

Турција ги смета Курдските сириски демократски сили за терористи, обединети со сепаратистите во Турција.

Претседателот Доналд Трамп рече дека САД ги повлекуваат сите останати трупи од северниот дел на Сирија, нагласувајќи дека е многу паметно да не бидат инволвирани во борбите во Сирија.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, на зедничка прес конференција, изјавија дека Турција ризикува „тешка хуманитарна ситуација“.

Сириските курдски официјални лица изјавија дека стотици веќе избегале, заедно со нивните семејства, кои биле сместени во камповите за раселени лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG