Турција ја почна воената операција во северниот дел на Сирија против курдските сили, кои Анкара ги нарекува териристи, а на кои Западот гледа како клучен партнер во борбата против Исламската држава.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека операцијата е насочена да се елиминира терористичката закана кон Турција.
Сириските демократски сили, предводени од Курдите, изјавија дека турските воени авиони напаѓаат цивилни цели, предизвикувајќи голема паника.
Воената операција почна денови откако Белата куќа најави дека ги повлекува американските сили од овој регион, на тој начин отворајќи пат за турска воена интервенција.
Претседателот на САД Доналд Трамп ја брани одлуката, велејќи дека завршуваат бесмислените војни кои немаат крај.
И демократските и републиканските законодавци го критикуваат потегот на САД, велејќи дека на тој начин се напуштаат сириските Курди кои се борат против Исламската држава, заедно со американските војници.
Facebook Forum