Линкови за пристапност

Турција изјави дека е подготвена за напад во Сирија


Од вчера е распоредена артилерија покрај сисриската граница

Турски воени официјални лица изјавија дека нивните војници се подготвени за планираниот напад врз Курдите во Сирија кои, Анкара ги нарече терористи, а кои се видени од Западот како клучни партнери во борбата против Исламската држава.

Турција вчера распореди артилерија покрај границата со Сирија, а курдски официјални лица објавија на социјалните медиуми дека дел од неа веќе била користена кон позиции на Сириските демократски сили, близу турската граница.

Сириските демократски сили велат дека нема повредени, и одбија да одговорат, велејќи дека нападот бил без мотив.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG