Линкови за пристапност

Чавушоглу: Вашингтон размислува за екстрадиција на Ѓулен


Турскиот министер за надворешни работи за американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека Трамп на самитот на Г-20 во Аргентина на Ердоган му рекол дека САД работат на случајот

Турскиот министер за надворешни работи вели дека американскиот претседател Доналд Трамп неодамна го уверил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Вашингтон размислува за екстрадиција на муслиманскиот свештеник кого Анкара го обвини дека стои зад неуспешниот воен удар во 2016-та година.

Мевлут Чавушоглу за американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека Трамп на самитот на Г-20 во Аргентина на Ердоган му рекол дека САД „работат на екстрадиција“ на Фетулах Ѓулен „и на други лица.“

„Неодамна видов дека во неколку сојузни држави ФБИ спроведоа веродостојни истраги. Тие ја согледаа темната страна на оваа организација. Како ги крши американските законите, вклучувајќи даночните измами, измами со визи и други незаконски активности, и колку тие се професионални“ рече Чавушоглу.

Ѓулен кој има 77 години е поранешен соработник на Ердоган. Тој речиси две децении живее во егзил во сојузната држава Пенсилванија. Вашингтон се спротивстави на барањето на Ердоган тој да биде екстрадиран со цел да се соочи со обвиненијата дека стои зад воениот удар во Турција.

Во неуспешниот обид за соборување на Ердоган од власт учествуваа делови од армијата, а во борбите загинаа околу 300 лица. Во престрелките победија воените припадници лојални на Ердоган победија.

Ердоган подоцна нареди апсење на илјадници луѓе, вклучувајќи академици, новинари и владини работници, за кои се сомнева дека го поддржале обидот за воен удар. За две години беа уапсени повеќе од 77.000 лица, а повеќе од 160.000 беа отпуштени од работа.

Ѓулен негира вмешаност во неуспешниот државен удар.

Ердоган минатата недела изјави дека владата ќе направи нови напори за да го попречи финансирање на поддржувачите на Ѓулен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG