Линкови за пристапност

Бајден: САД бараат докази за улогата на Ѓулен во обидот за државен удар


Колоната на американскиот потпретседател во Анкара беше пресретната од протестанти, кои бараат екстрадиција на турскиот свештеник

Американскиот потпретседател Џо Бајден во Анкара потврди дека САД го осудуваат неуспешниот обид за државен удар во Турција, минатиот месец.

На средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Бајден изјави дека САД стојат цврсто до Турција.

„Овој обид за државен удар беше напад на турскиот народ, не само на Владата. Беше измама од мала група на луѓе, кои се заколнале дека ќе ги бранат луѓето, за кои велат дека ги сакаат и оти се грижат за нив“, рече Бајден.

Но многумина во Турција, како и Владата, се чувствуваат измамени од нивните сојузници.

Колоната на Бајден беше пресретната од протестанти, кои бараат екстрадиција на турскиот свештеник Фетулах Ѓулен, обвинет за организирање на нападот.

Бајден рече дека американски и турски правни експерти ги проверуваат информациите, со цел да откријат дали има доказ за улогата на свештеникот во неуспешниот државен удар.

Бајден ги увери турските власти дека САД никогаш нема да поддржат која било група во Сирија, што би претставувала закана за турските граници.

XS
SM
MD
LG