Чекањето за туристичка виза за влез во САД може да биде подолго од досега.
Белата куќа и Стејт департментот велат дека новата извршна наредба, со која се укинуваат препораките од времето на Обама за издавање визи во конзулатите, е во интерес на проверките и националната безбедност.
Се` уште не е јасно колку долго ќе трае процедурата за милиони туристи, студенти и баратели на работна виза, кои аплицираат за влез во САД секоја година
Извршната наредба потпишана од претседателот Доналд Трамп укинува дел од наредбата од 2012-та година, со која се предвидува експедитивно процесирање на неимигрантските визи, вклучувајќи ги оние за студенти и за туристи.
Оригиналната наредба издадена од поранешниот претседател Барак Обама, му наложуваше на Стејт департментот да „осигура дека 80 проценти од апликантите за неимигрантска виза, бидат интервјуирани во рок од три недели од поднесување на апликацијата“.
Новата извршна наредба е дел од месечните напори на администрацијата на Трамп за имплементирање одредени имиграциони политики, преку „екстремни проверки“.
Портпаролот на Белата куќа, за Гласот на Америка, изјави дека амандамнот повелкува „неоснована обврска“.
„Претседателот очекува внимателна и прецизна проверка на лицата што аплицираат за виза, a не брз процес само за да не се пречекори крајниот рок“, изјави помошникот портпарол Мајкл Шорт.
И Стејт департментот изјави дека извршната наредба е во интерес на проверките и националната безбедност, велејќи дека промената ќе овозможи „дополнителна флексибилност, кога е потребно подолго време за процесирање“.
Facebook Forum