Линкови за пристапност

Трамп на прво патување во странство како претседател


Саудиска Арабија е прва станица од турнејата

Доналд Трамп денеска ја започнува неговата прва турнеја во странство како претседател на САД.

Белата куќа соопшти дека прва станица на американскиот лидер ќе биде Саудиска Арабија, по што ќе ги посети Израел и Ватикан.

Во Саудиска Арабија, Трамп пред група на муслимански лидери се очекува да одржи говор за Исламот. Тој претходно изјави дека имајќи на ум дека негов приоритет се безбедноста и интересите на американскиот народ, тој, како што кажа, ќе ги зајакне старите пријателства и ќе бара нови партнери“.

Посетата на претседателот на Израел, можно е да биде проследена со контровера, заради неговото наводно откривање на израелски разузнавачки информации на руски дипломати.

Трамп потоа ќе замине за Ватикан на средба со папата Франсис кој изјави дека нема да дава какви било оценки за Трамп пред да се сретне со него.

Во рамки на турнејата на американскиот претседател, е и Белгија, на разговори со претставници на земјите-членки на НАТО, и на крајот ќе учествува на Самитот на Групата седум најразвиени земји (Г7) во сицилијанскиот град Таормина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG