Линкови за пристапност

Претседателот Трамп го потпиша законот за реформа на даночниот систем


Претседателот на САД Доналд Трамп, го потпиша законот за реформа на даночниот систем кој неделава го донесе Конгресот. Тој исто така ја потпиша и привремената мерка за финансирање на работата на федералната влада во период од четири недели, на ниво на сегашните трошоци.

Говорејќи во Белата куќа, Трамп повтори дека даночната мерка од 1,5 трилони долари ќе овозможи поголеми плати за американските работници, ќе ги намали корпоративните даноци и ќе создаде нови работни места.

Тој рече дека бизнисмените веќе купуваат напуштени фабрики и повторно ги отвораат, додавајќи дека бизнисите што "избегале" од земјата поради високата даночна стапка, веќе се враќаат.

Американскиот претседател истакна дека размислувал да почека до следниот месец за потпишување на законот, но сакал да го задржи своето ветување дека тоа ќе го стори пред Божиќ.

Веднаш потоа, Трамп замина за Флорида, каде ќе ги помине божиќните и новогодишните празници. Тој истакна дека додека е таму, ќе продолжи да работи на различни прашања, вклучувајќи ги Северна Кореја, Авганистан и Блискиот Исток.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG