Линкови за пристапност

Трамп ќе ја објави номинацијата за Врховниот суд на 9-ти јули


Претседателот потенцираше дека конечната листа за потенцијални номинации вклучува две жени

Претседателот на САД Доналд Трамп, кажа дека се сретнал со четворица „многу импресивни“ кандидати за Врховниот суд. Неговата номинација за замена на судијата Ентони Кенеди ќе ја најави на 9-ти јули.

Трамп изјави дека кандидатите се прекрасни луѓе на различни начини, меѓу кои и на академски.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, изјави дека Трамп вчера се сретнал поединечно со секој кандидат, околу 45 минути.

Таа не ги откри имињата на кандидатите, но, Трамп нагласи дека бара некој што ќе го брани Уставот на САД, и кој ќе има вистински интелект и темперамент.

На прашањето дали претседателот бара кандидат кој ќе ја укине регулацијата на Врховниот суд за абортусот, Сандерс одговори дека Трамп не ги прашува кандидатите за нивните погледи кон правата за абортус.

„Претседателот е против абортусот, но, тој нема да разговара за специфични случаи со кандидатите“, рече Сандерс.

Трамп потенцираше дека конечната листа за потенцијални номинации за Врховниот суд вклучува две жени.

Лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер, за Њујорк тајмс, изјави дека граѓаните треба да извршат притисок врз сенаторите да се спротивстават на номинациите за Врховниот суд, кои ќе го укинат правото на абортус.

Нова анкета на Универзитетот Квинипек, покажува дека 63 проценти од американските гласачи поддржуваат легализација на абортусот ширум САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG