Претседателот на САД, Доналд Трамп како да се повлече од заканата за делумно затворање на владата. Белата куќа соопшти дека очекува да види дали републиканските и демократските лидери во Конгресот можат да постигнат компромис, со цел да се избегне затворањето.
Трамп сака 5 милијарди долари за финансирање на изградбата на ѕид долж границата со Мексико, но лидерите на Демократската партија во Сенатот и Претставничкиот дом одбиваат да ја одобрат сумата.
Ако Трамп не успее во намерата, се` уште не е јасно дали ќе дојде до времено затворање, што значи дека повеќе од 800.000 федерални работници нема да работат или ќе работат без плата - нешто што никој не сака да се случи пред Божиќ.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека има и „други начини“ да се обезбедат пари за ѕидот, вклучително и преземање на средства од други агенции, но таа не беше специфична како тоа може да биде изведено.
Facebook Forum