Линкови за пристапност

Се стеснува листата на потпретседателски кандидати


Меѓу кандидатите на Трамп, кој се очекува да ги објави во петок, се гувернерот на Индијана Мајк Пенс, поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич, или говернерот од Њу Џерси Крис Кристи.

Претпоставениот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп ја стесни листата на кандидати за потпретседател, и се очекува утре да го објави својот избор.

Многу веројатно е дека во игра се гувернерот на Индијана Мајк Пенс, кој заедно со Трамп се појави на настанот за собирање донации во вторникот, поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич, или говернерот од Њу Џерси Крис Кристи.

Кристи, кој беше републикански ривал на Трамп, го поддржа Трамп, откако испадна од трката на почетокот на годинава.

Републиканската национална конвенција ќе се одржи наредната недела во Кливленд.

Во меѓувреме, веројатната демократска претседателска кандидатка Хилари Клинтон, исто така ги интервјуира потенцијалните потпретседатели, во очи на демократската конвенција во Филаделфија, на крајот на месецот.

Меѓу оние што се спомнуваат се сенаторот од Вирџинија Тим Кејн и сентарорката од Масачусетс Елизабет Ворен.

XS
SM
MD
LG