Линкови за пристапност

Пол Рајан не е подготвен да го поддржи Трамп


Спикерот на Претставничкиот дом и претходно го критикуваше кандидатот за претседателската номинација од редовите на републиканците

Веќе извесната претседателска номинација на Доналд Трамп, се чини дека не наидува на поддршка од раководството на Републиканската партија.

Пример е спикерот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, кој изјави дека „не е подготвен“ да го поддржи Трамп.

Рајан претходно го критикуваше Трамп кој кажа дека ако не ја добие номинацијата, можно е неговите симпатизери да предизвикаат немири за време на конвенцијата на партијата во јули.

Од своја страна, Трамп истакна дека и тој не е подготвен да ја поддржи агендата на спикерот Рајан, но не ја исклучува можноста за идно партнерство, со цел за да се обезбеди помош на американскиот народ.

XS
SM
MD
LG