Претседателот на САД Доналд Трамп продолжува да го изразува незадоволството кон медиумите.
На собир пред неговите поддржувачи во сојузната држава Пенсилванија, тој кажа дека 75 проценти од медиумите промовираат „лажни вести“.
Тој ги критикуваше медиумите поради извештаите дека тој не застанал цврсто зад американските позиции на средбата со рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец, како и поради фактот дека не го поддржал заклучокот на американските разузнавачки агенции, според кој, Русија интервенирала во претседателските избори во 2016-та година.
„Имав добра средба со Владимир Путин, и сите се согласија дека тоа беше одлично. Неколку часа подоцна слушнав извештаи дека тие сакале да излезам на сцената, како на боксерски натпревар. Што се случи со дипломатијата?“, рече Трамп.
Тој ги искритикува и потенцијалните демократски ривали на претседателските избори во 2020-та година, вклучувајќи ја и сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен.
Facebook Forum