Линкови за пристапност

Трамп: САД не се откажале од ништо пред средбата со Ким Јонг Ун


Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД не се откажале од ништо пред планираниот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, додека Пјонгјанг веќе најави ограничување на развојот на нуклеарното оружје.

Тој преку Твитер изјави: „Ние не се откажавме од ништо, а тие се согласија на денуклеаризација, што е голема работа.

Трамп сепак потенцираше дека евентуалниот исход од неговите разговори со Ким, што може да се случат кон крајот на мај или почетокот на јуни, е неизвесен. Тој кажа дека САД се далеку од заклучокот дека работите со Северна Кореја ќе бидат во ред, и како што рече, времето ќе покаже времето“.

Пјонгјанг допрва треба официјално да се согласи за уништување на својот нуклеарен арсенал, и засега не се согласил на трајна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја изразила интерес за отстранување на нуклеарното оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG