Линкови за пристапност

Трамп повика Американците да се вакцинираат против морбили


Речиси 700 случаи на мали сипаници се регистрирани во 22 држави, што е највисоко ниво во последните 25 години

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска повика Американците да се вакцинираат против мали сипаници, во услови кога овој високо заразен вирус се шири во САД, принудувајќи два американските универзитети да прогласат карантин за стотици студенти, професори и други вработени.

Трамп за новинарите во Белата куќа изјави дека граѓаните „мора да ги добијат своите вакцини“ за да се заштитат од вирусот што се сметаше за искоренет во САД пред речиси 20 години.

Според центрите за контрола на болести регистрирани се речиси 700 случаи на мали сипаници во 22 држави, што е највисоко ниво во последните 25 години. Ваквиот пораст од центрите за контрола на болестите делумно го припишуваат на бранот на дезинформации за безбедноста на вакцината против морбили.

Случаи на заболени од морбили се регистрирани во Њујорк, Њу Џерси, Мичиген и Вашингтон. Исто така и во Калифорнија, каде што официјалните претставници од јавното здравство наредија десетици лица да бидат ставени во карантин во вторникот на Универзитетот во Калифорнија и на Државниот универзитет во Калифорнија. Локалните службеници за јавно здравство во Лос Анџелес соопштија дека некои можеби ќе треба да бидат во карантин и до една недела.

Вакцинацијата се препорачува за сите постари од една година, освен оние кои се вакцинирани од мали сипаници како деца и оттогаш станале имуни.

Повеќето експерти за јавно здравје ја сметаат вакцината, која е достапна од 1960-тите, за безбедна и ефикасна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG