Линкови за пристапност

Трамп верува дека битката за импичмент може да заврши пред Врховен суд


Спикерката на Претставничкиот дом рече дека одбивањето на претседателот да соработува ќе се земе како дополнителен доказ за опструкција

Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека битката за негов импичмент ќе заврши пред Врховниот суд.

„Најверојатно ќе заврши како случај во Врховниот суд, и можеби ќе трае долго време. Републиканската партија се третира неверојатно лошо и нефер од демократите“, рече Трамп, откако Белата куќа соопшти дека нема да учествува во неуставна истрага за импичмент на претседателот.

Трамп рече дека би соработувал со демократите во Претставничкиот дом ако републиканците добијат фер однос.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека одбивањето на претседателот да соработува ќе се земе како дополнителен доказ за опструкција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG