Линкови за пристапност

Трамп: САД ќе разговараат за европските царини што и` штетат на економијата


Претседателот Доналд Трамп смета дека царините на Европа не се фер за американските земјоделци и производители

Претседателот Доналд Трамп, изјави дека САД ќе разговараат со европски официјални лица за елиминирање на тарифите за кои верува дека се на штета на американската економија.

Трамп преку Твитер, кажа дека секретарот за трговија Вилбур Рос, планира да разговара со претставници на Европската Унија, за, како што ги опиша, „големите тарифи и бариери што ги користат против САД“.

Тој рече дека царините не се „фер за американските земјоделци и производители“.

По одлуката на Трамп за воведување нови царини врз увоз на челик од 25 проценти, и 10 проценти за увоз на алуминиум, настана тензија во односите САД - ЕУ.

Како одговор, Унијата се закани дека ќе додадат даноци за различни производи од САД, вклучувајќи ги и моторите Харли Дејвидсон, „фармерки“, бурбон виски, сокови од дренки и сокови портокали.

Трамп за возврат предложи дека ако Европејците ги интензивираат тарифите за американските производи, тој ќе наметне нови давачки за популарните германски автомобили, наменети за увоз во САД.

Највисокиот трговски претставник на Европа, Сисилија Малмстром, рече дека трговијата се користи „како оружје за да нѐ загрози и заплаши, но, не се плашиме, ќе се спротивставиме на оние кои вршат мобинг“, додаде таа.

Највисоките американски и европски трговски претставници, во саботата имаа средба во Брисел, но не успеаја да ги надминат разликите. Малмстром рече дека разговорите ќе продолжат и оваа недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG