Претседателот на САД Доналд Трамп, по повод Денот на трудот, се осврна на американските работници за време на пандемијата.
„Бројот на работни места, и економското заздравување изгледаат одлично. Среќен Ден на трудот“, напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека постепеното економско подобрување од пандемијата претставува „најголема и најбрза финансиска обнова во историјата“.
Трамп нагласи дека 2021 година ќе биде најдобра „освен ако Бајден не биде избран и преземе лидерство во државата во јануари“.
Во тој случај, вели Трамп, ќе пропаднела најголемата економија во светот, поради повисоките даноци кои Бајден рекол дека ќе ги воведе за оние што заработуваат 400.000 долари годишно, или повеќе.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден, пак, го критикуваше Трамп за справување со пандемијата, предизвикувајќи големи економски проблеми и отпуштање на милиони работници.
Стапката на невработеност во САД во август изнесуваше 8,4 проценти, но, економските експерти велат дека би можело да поминат месеци пред да се случи големо економско заздравување.
Досега обновени се само околу половина од 22 милиони работни места, кои пропаднаа за време на пандемијата.
Facebook Forum