Линкови за пристапност

Трамп најави повеќе тестови за коронавирус


САД планираат да ги зголемат ресурсите пред очекуваниот пораст на бројот на заразени со вирусот

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека ќе го зголеми капацитетот на тестирање, во обид да се справи со ширењето на коронавирусот.

Справувајќи се истовремено со економските последици од пандемијата, Трамп рече дека Одделот за домување и урбан развој ќе ги суспендира запленувањата на имот до април, како што расте бројот на Американци кои се соочуваат со губење на работата, неможност да платат кирија и хипотека.

Зборувајќи на редовна прес конференција во Белата куќа, тој најави дека би го активирал федералниот Закон за одбрана, во случај тоа да биде потребно, како дел од напорите на Владата да ги зголеми ресурсите пред очекуваниот пораст на бројот на заразени со коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG