Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги обвини медиумите за погрешно толкување на неговиот коментар за правата за поседување оружје, кој многумина го протолкуваа дека предложил насилство против демократскиот противник Хилари Клинтон.
Трамп рече дека Клинтон би „го десеткувала Вториот Амандман“, кој гарантира право на Американците да носат оружје.
„Ако таа почне да ги избира нејзините судии, ништо не можете да направите. И покрај Вториот Амандаман, не знам“, рече Трамп, а подоцна за Фокс Њуз рече дека тој укажувал на „политичко движење“ и оти нема друго толкување на неговиот коментар.
Кампањата на Клинтон го сфаќа коментарот многу застрашувачки.
„ Она што Трамп го кажува е опасно“, рече менаџерот на кампањата Роби Мук, и додаде дека личност што е во трката да биде претседател на САД, не треба да предлага насилство на каков било начин.