Линкови за пристапност

Реакции по најавата за истрага на можни царини за увоз на возила во САД


Кина и Јапонија ја критикуваа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, да започне истрага за влијанието на увозот на возила врз националната безбедност.

Според портпаролот на кинеското Министерство за трговија, злоупотребата на националните безбедносни клаузули, го поткопува мултилатералниот трговски систем и ја нарушува нормалната меѓународна трговија.

Јапонскиот министер за трговија кажа дека ако истрагата на САД резултира со нови царини, можни се превирања на глобалниот пазар.

Трамп има намера за воведување на цариони за увоз на возила од 25 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG