Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги претстави неговите идеи за зајакнување на американската економија, вчера во Детроит пред група бизнисмени.
Неговите предлози опфаќаат големо намалување на даноците за поединци и за корпорации, укинување на регулативите кои, како што вели тој, се непотребен товар за бизнисот, како и повлекување на САД од Транс-пацифичкото партнерство.
Во Сент Питерсбург, Флорида Клинтон ја нападна економската агенда на Трамп, велејќи дека се обидува да направи „старите испробани идеи да звучат како нови“.
Група од педесет поранешни официјални лица за надворешна политика и државна безбедност, кои служеле во времето на поранешните републикански претседатели, во понеделникот испратија отворено писмо, во кое велат дека нема да гласаат за Трамп, нагласувајќи дека му недостигаат карактер и искуство за оваа работа.