Линкови за пристапност

Тропската бура Гордон се очекува да донесе поплави


Националниот центар за урагани изјави дека бурата придвижувајќи се до копното, ќе добие статус на ураган

Американските метеоролози велат дека тропската бура Гордон денес се очекува да добие на сила, пред да го зафати брегот на Мексиканскиот Залив.

Националниот центар за урагани изјави дека бурата, придвижувајќи се до копното, ќе добие статус на ураган, со брзина на ветрови од најмалку 119 километри на час.

Предупредувања за урагани има за крајбрежните области во сојузните држави Луизијана, Мисисипи и Алабама.

Невремето се очекува да донесе 10 до 20 сантиметри дожд.

Тропската бура Гордон, исто така, носи закана од поплави.

Бурата ќе ја изгуби силата во текот на утрешниот ден, кога ќе навлезе во внатрешноста на копното.

Невремето вчера донесе силни ветришта и пороен дожд во јужниот дел на Флорида, принудувајќи ги спасителите да ги затвораат плажите, разочарувајќи ги туристите кои сакаа да уживаат за Денот на трудот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG