Линкови за пристапност

Флорида пред нова тропска бура


Бурата се очекува да донесе силен дожд и ветрови за американскиот Ден на трудот

Националниот центар за урагани најави тропска бура Гордон во централното крајбрежје на САД.

Бурата се очекува да донесе силен дожд и ветрови за американскиот Ден на трудот.

Центарот со седиште во Мајами вели дека тропската бура се подготвува на околу 385 километри југоисточно од Маратон во Флорида Кис.

Најавува дека бурата од вчера постепено се засилува, и оти утре може да донесе пет до десет сантиметри дожд на Бахамите, Флорида Кис и во јужниот дел на Флорида.

Гувернерот на Флорида Рик Скот рече дека е време да се подготват за сезоната на урагани, земајќи ја предвид најновата прогноза.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG