Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, ja продолжија празничната традиција на осветлување новогодишна елка кај Белата куќа.
Одбројувањето, на чело со Трамп, беше вчера вечерта, кога светна националната елка, заедно со помалите елки, кои ги претставуваат секоја од 50-те сојузни држави.
Тие се поставени за посетители во Вашингтон да можат да уживаат.
Националното божиќно дрво се осветлува на почетокот на празничната сезона, и ја означува едномесечната „Парада на мирот“, со цел да се инспирира добрата волја и празничниот дух меѓу сите луѓе и религии во САД.
Вчерашната ноќ заврши со неколку музички изведби.
Facebook Forum