Трансродовите војници за прв пат сведочеа во Конгресот и на законодавците им кажаа дека промената на нивниот пол не влијаела на нивната подготвеност да служат во армијата. Сепак, претставници од Пентагон застанаа зад забраната на администрацијата на Трамп за ангажирање на трансродови лица во армијата.
Забраната сега е блокирана со тужби.
Трансродовите лица кои активно служат во армијата беа поканети да сведочат од демократската конгресменка Џеки Спеиер која претседава со Комисијата за вооружени служби.
Официјален претставник на Пентагон објави дека на трансродови војни кои веќе се во армијата ќе им биде дозволено да продолжат да служат, додека други ќе можат да служат ако се приклучат во војската со нивниот биолошки пол.
Претседателот Доналд Трамп тврди дека службата на трансродовите лица во армијата е товар заради „големите медицински трошоци.“
Воени претставници кои мината година сведочеа пред Конгресот рекоа дека немало негативен ефект врз моралот и кохезијата на воените единици заради службата на трансродовите лица.
Facebook Forum