Линкови за пристапност

Возот што излета јужно од Сиетл се движел со двапати поголема брзина од дозволената


Прашањето е зошто возот патувал 128 километри на час, во зона во која е дозволена брзина од 48 километри на час, истражува Националниот совет за безбедност на патиштата во САД

Истражителите од Националниот совет за безбедност на патиштата во САД, велат дека возот на компанијата Амтрак се движел со двапати поголема брзина од дозволената, при што загинале најмалку три лица, а повеќе од стотина други се повредени.

Утринава, екипи се` уште ги чистеа вагоните што излетаа од шините.

„Прашањето е зошто возот патувал 128 километри на час, во зона во која е дозволено 48 километри на час. Рано е да се даде одговорот, но, се обидуваме да дознаеме повеќе информации за брзината на движење и причините поради кои дојде до несреќата“, вели Бела ди-Зар од Националниот совет за безбедност на патиштата во САД.

Истражителите се обидуваат да дознаат дали компанијата знаела колкава брзина била дозволена на кривината каде се случи несреќата, јужно од Сиетл.

Градоначалникот на Лејквуд Дон Андерсон, за Гласот на Америка изјави дека се борел против новата Амтрак линија, која ги преселила брзите патнички возови на помалку користени линии.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG