Линкови за пристапност

Најмалку осум загинати во камион во Тексас


Возачот на камионот бил уапсен

Oсум лица биле пронајдени мртви во камионска приколка на паркинг пред магацин на Волмарт, соопшти полицијата на американска сојузна држава Тексас.

Властите на Сан Антонио соопштија дека најмалку 28 лица, вклучувајќи и деца, биле извадени од камионот, а 17 од нив биле во критична состојба поради преголема топлина.

Лицата биле пронајдени, откако некој од камионот побарал вода од вработен во Волмарт, кој потоа повикал полиција да ја провери состојбата.

Возачот на камионот бил уапсен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG