Линкови за пристапност

Кина и Јужна Кореја се противат на новите американски царини


САД воведоа повисоки давачки за увозот на машини за перење и соларни плочи

Кина и Јужна Кореја протестираа по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да воведе повисоки царини за увезените соларни панели и машини за перење. Овој чекор исто така ја зголеми загриженоста во Азија дека ќе уследат поголем број на протекционистички мерки од страна на САД.

Министерот за трговија на Јужна Кореја, Ким Хјун-чонг царините ги нарече „прекумерни“ и вели дека тие ги нарушуваат правилата на меѓународната трговија. Тој рече дека Јужна Кореја планира да поднесе петиција против САД во Светската трговска организација.

Царините ќе имаат значително влијание врз компаниите „Самсунг електроникс“ и „ЛГ електроникс“ на кои им припаѓа четвртина од пазарот за машини за перење во САД, во кој доминанти се американските компании „Вирпул“ и „Генерал електрик.“

Од „Самсунг“ велат дека царините се „даноци за секој потрошувач кој сака да купи машина за перење.“

Најголемиот трговски партнер на САД и најголемиот произведувач на соларни плочи, Кина вели дека царините се „претерана реакција“ која може да му наштети на системот на меѓународна трговија.

Од Министерството за трговија н Кина велат дека ќе соработуваат со другите членови на Светската трговска организација за заштита на нивните интереси, без да дадат специфични детали.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на неколкупати ја критикува Кина за она за кое тој верува дека се нефер трговски практики, кои довеле до елиминација на американски работни места.

Вашингтон воведе царини од околу 50 проценти на големи машини за перење во период од три години, и царини од 30 проценти за соларни панели за период од пет години..

Царините се воведени откако Комисијата за меѓународна трговија на САД утврди дека увезените производи се „значајна причина за нанесување на штета на домашните производители.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG