По 70 години работа, најголемата компанија за детски играчки во САД „Тојс ар ас“ (Toys R Us) ги затвори сите продавници, ставајќи крај на легендарниот американски бизнис. Без работа останаа повеќе од 30 илјади лица.
Компанијата со седиште во Њу Џерси, соопшти дека ќе ги затвори или продаде останатите 700 продавници, само неколку недели откако објави дека се затвораат 180 продавници, поради лошата сезона за Божиќ.
Компанијата беше формирана во 1948-та година во Вашингтон, како мала продавница за детски мебел, а потоа се прошири на повеќе од две илјади локации низ САД.
„Тојс ар ас“ беше погодена од другите гиганти на пазарот, како „Волмарт“, „Таргет“ и „Амазон“, по што, во септември минатата година, поднесе барање за заштита од банкрот, поради долг од пет милијарди долари. Компанијата беше купена во 2005-та година од две приватни инвестициски фондови.
„Тојс ар ас“ (Toys R Us) најави дека ќе ги затвори и продавниците во Велика Британија.
Facebook Forum