Линкови за пристапност

Торнадо уби три лица во Мисури


По силното торнадо во тек се спасувачки операции и проценка на штетата во американската сојузна држава Мисури.

Националната метеоролошка служба соопшти дека невремето предизвикало голема штета во главниот град Џеферсон сити.

Најмалку три лица беа убиени на периферијата на градот Голден сити.

Гувернерот Мајк Парсон ги пофали спасувачките екипи за брзата реакција во „крајно опасните услови“. Тој соопшти дека 20 лица се повредени.

Обилните дождови, град, силни ветришта ги погодија и соседните држави Оклахома и Канзас.

Невремето е продолжени на бурата која погоди неколку сојузни држави на Средниот запад на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG