Линкови за пристапност

Доделени Тони наградите на Бродвеј


Мјузиклот „Hadestown“, љубовна приказна инспирирана од грчката митологија, е главниот победник на наградите Тони, доделени синоќа.

Претставата освои награди за најдобар мјузикл, најдобро оригинално сценарио, сценски дизајн и осветлување.

Режисерката на „Hadestown“, Рејчел Чавкин, ја освои наградата за најдобар режисер, додека за најдобар актер е прогласен Андре де Шилдс.

Награди за најдобра претстава, најдобар режисер, сценски дизајн и костими освои „The Ferryman“.

Историски момент на традиционалните Тони награди бешетоа што Али Строкер, за улогата во „Oklahoma“ освои награда за најдобра актерка, и со тоа стана првата актерка во инвалидска количка која освоила Тони награда.

Брајан Кранстон ја освои наградата за најдобар актер во „Network“, додека награда за најдобра актерка освои Елејн Меј за настапот во „The Waverly Gallery“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG