Линкови за пристапност

Кои се долгорочните цели на САД и Турција?


Државниот секретар Рекс Тилерсон денеска во Анкара се сретна со турскиот премиер Бинали Јилдрим, неговиот турски колега, Мевлут Чавишоглу и претседателот Реџеп Таип Ердоган. Целта на посетата е евалуација на следните чекори на САД и Турција во кампањата за пораз на милитантите на Исламската држава и стабилизирање на бегалската криза.

Во фокусот на разговорите била офанзивата предводена од САД за повторно заземање на Рака од Исламската држава, како и начините за стабилизација на областите од кои милитантите биле протерани, а на бегалците им било дозволено да дојдат дома.

„Денешниот разговор се темели на три заеднички долгорочни цели: соработка за пораз на ИСИС, градење на стабилност во регионот и зајакнување на економските врски меѓу нашите две држави“, изјави Тилерсон по средбата со Чавишоглу.

„Турција е сојузник на НАТО уште од 1952-та, и ние продолжуваме со нашата воена соработка во Алијансата и во глобалната коалиција со цел, пораз на ИСИС“, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија утре заминува за Брисел, каде се очекува да изврши притисок врз НАТО сојузниците да покажат јасни насоки во зголемувањето на трошоците за одбрана. По Брисел, Тилерсон ќе ја посети Москва.

Во меѓувреме, силите предводени од САД ја интензивираат кампањата за повторно заземање на сирискиот град Рака што е под контрола на милитантите на Исламската држава.

Тилерсон беше најавено дека ќе разговара и за турското барање за екстрадиција на свештеникот Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека стои зад минатогодишниот неуспешен обид за воен удар во Турција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG