Линкови за пристапност

Тилерсон во Советот за безбедност за Северна Кореја


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе се приклучи на членовите на Советот за безбедност на ОН, на дискусија за вршење максимален притисок врз Северна Кореја да ја запре програмата за нуклеарно оружје, неколку дена откако изрази волја за почеток на разговори со Пјонгјанг без предуслови.

На агендата на Тилерсон е средба и со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Прашањето за нуклеарниот потенцијал на режимот во Пјонгјанг беше високо на дневниот ред на Гутиереш во Токио, по средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Генералниот секретар повтори дека усвоените резолуции за воведување санкции врз Северна Кореја поради нуклеарниот потенцијал и програмите за проектили, треба целосно да бидат имплементирани од сите земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG