Линкови за пристапност

Американскиот амбасадор во Кина во посета на Тибет


Амбасадорот Тери Бранстад е прв американски претставник во посета на ограничениот хималајски регион во последните четири години

Американскиот амбасадор во Кина е во посета на Тибет за да се состане со локалните власти и да ги посети местата на верско и културно наследство.

За време на неговата посета, Тери Бранстад се очекува да изрази загриженост во врска со ограничувањата на будизмот и зачувувањето на уникатната култура и јазик на Тибет, се наведува во соопштението на портпаролот на амбасадата.

Посетата на Бранстад на Тибетскиот автономен регион и соседната провинција Џингхаи, која започна вчера, ќе трае до 25 мај, се вели во соопштението.

Бранстад е првиот американски претставник кој добива пристап до ограничениот хималајски регион во последните четири години. Претходникот на Бранстад, Макс Баукус, го посети Тибет во мај 2015 година.

Посетата следи по законот усвоен во декември, кој бара од САД да ги укинат визите за кинеските официјални лица кои ги спроведуваат политиките што го ограничуваат пристапот до Тибет за странци, особено за новинарите и дипломатите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG