Линкови за пристапност

Нова ера во односите САД-Тајланд


Телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД и тајландскиот премиер претставува големо омекнување на билатералните врски, сметаат аналитичари

Се очекува нова ера во билатералните односи меѓу САД и Тајланд, по неодамнешниот телефонски разговор на претседателот Доналд Трамп и тајландскиот премиер Прајут Чаноча.

Белата куќа изјави дека Трамп го нагласил долгогодишното сојузништво, изразувајќи интерес за зацврстување на трговските и економски врски меѓу двете држави.

Трамп, во неговата официјална покана до Прајут за посета на Белата куќа, исто така ја потврдил заложбата на САД за „активна и водечка улога во Азија“, преку тесно партнерство со регионот.

Промена на односите САД - Тајланд

Разговорот претставува големо омекнување на билатералните врски, откако Тајланд се соочи со дипломатска изолација поради воена интервенција во политиката изминатата деценија.

Администрацијата на САД за време на претседателот Барак Обама беше критички насочена кон политиката за заштита на човековите права во Тајланд.

Политиколози коментираат дека Тајланд е многу заинтересиран за прифаќање на понудата за обновување на врските со САД.

Ентузијазам во Тајланд

Панитан Ватанајгорн, советник за безбедност на заменик-премиерот Правит Вонгсаван, изјави дека обновената комуникација означува „нова ера“ во билатералните односи.

„Разликите и промените во домашните политики, кои што создадоа недоразбирање и тензии меѓу двете држави, најверојатно дојдоа до крај“, изјави Панитан за Гласот на Америка.

Промена на односите и со Сингапур и Филипините

Трамп исто така ги покани и премиерот на Сингапур и претседателот на Филипините да дојдат во официјална посета на САД.

Злоупотреба на човековите права беше најголема грижа во времето на Обама, што беше осудено и од европските и австралиските сојузници, кое пак, доведе до зацврстување на врските на Тајланд со Русија и со Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG