Линкови за пристапност

Осомничениот за бомбашките нападите во Остин се разнесе со експлозија


Претставник на органите на редот за Асошиетед прес соопшти дека напаѓачот е идентификуван како Марк Ентони Кондит.

Осомничениот во серијата бомбашки напади што го тероризираа градот Остин, Тексас во текот на последните три недели се самоуби, детонирајќи бомба во неговиот автомобил додека полицијата сакала да го уапси.

Шефот на полицијата во Остин, Брајан Манли, рече дека властите го идентификувале осомничениот како Марк Ентони Кондит, 24-годишен белец, кој бил невработен. Во последниот ден и половина неговото возило било забележано во близина на хотел во предградие на Остин.

Манли рече дека додека полицијата чекала да пристигнат тактичките тимови, осомничениот сакал да избега со автомобилот, но излетал од автопатот. Кога му пришле членовите на тактичкиот тим, осомничениот активирал експлозив во неговото возило. Од експлозијата полесно бил повреден еден офицер. Друг пукал кон осомничениот.

Властите веруваат дека Кондит бил одговорен за шесте бомби кои убија две лица и сериозно ранија најмалку пет други. Но, властите ги предупредија жителите во Остин и околината за постоење на можност дека сите бомби не се пронајдени.

Властите соопштија дека не го знаат мотивот на осомничениот.

Фред Милановски, агент од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви соопшти дека засега е тешко да се каже дали осомничениот дејствувал сам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG