Во сојузните држави Оклахома и Кентаки илјадници училишта денес ќе останат затворени поради штрајкот на наставниците кои бараат повисоки плати и повеќе пари за образование.
Во Оклахома, незадоволните наставници се собраа во главниот град на сојузната држава, Оклахома сити барајќи промена на нивниот статус и заработката која е најниска меѓу 50-те сојузни американски држави.
Демонстрантите велат дека зголемувањето од 15-18 проценти, вклучувајќи ги и концесиите одобрени од страна на законодавците минатата недела, не се доволни за подобрување на тамошното образование.
Синдикатот на наставниците во Оклахома бара зголемувањето да биде повисоко.
Во Кентаки, наставниците протестираа заради усвоените промени во нивните пензиски планови и бараат повеќе средства за образованието.
Според извештаите, наставниците во Аризона исто така планираат штрајк за подoбри плати.
Facebook Forum