Линкови за пристапност

Наставниците извојуваа голема победа


Заврши штрајкот на наставниците во Западна Вирџинија, откако тие добија покачувања на платите

Наставниците во американската сојузна држава Западна Вирџинија, го прекинаа 9-дневниот штрајк и се очекува денеска да се вратат на работните места. За време на протестите, околу 300 илјади ученици не посетуваа настава.

Наставниците славеа во главниот град на сојузната држава, Чарлстон, откако гувернерот Џим Џастис потпиша закон, со кој платите за овие лица, и на сите државни службеници, се покачуваат за пет проценти.

Мерката беше одобрена од законодавците во Претставничкиот дом и Сенатот на сојузната држава, по неколкудневните жестоки расправи.

Гувернерот изјави дека средства за зголемувањето на примањата ќе дојдат од општите приходи и приходите за здравствената заштита во сојузната држава.

Џастис побара од државниот инспектор за образование да работи со училишните окрузи, за учениците да посетуваат задолжителна 180-дневна настава за една учебна година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG