Кон крајот на првата година на функцијата, претседателот Доналд Трамп можно е да е на пат кон првата легислативна победа - реформи во даночниот систем и делумно укинување на законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар.
Републиканците во Конгресот се чини ги имаат потребните гласови за трајно намалување на даноците на корпорациите, привремено намалување на даноците на работничките семејства или средната класа и зголемување на националниот долг на САД до 1,5 трилиони долари. Предлог-законот од 1.000 страници беше обелоденет во петокот.
Републиканците тврдат дека осум последователни години на економски растеж во САД, може да биде продолжен и забрзан преку голема доза на стимуланси во форма на даночни скратувања.
Демократите пак велат дека пакетот даночни реформи не е фер и е непромислен.
Од случаите во минатото, американската економија забележа брз подем по кратењето на даноците во 80-те години, но беше забележан уште поголем растеж по зголемување на даноците во 90-те. Кратењата во 2001-та и 2003-та беа проследени со неколкугодишен умерен и стабилен растеж, по што следеше голема рецесија.
Facebook Forum