Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос изјави дека одложувањето на новите царини од десет проценти за дел од кинеските производи не е направено во интерес на Пекинг, туку да им се помогне на американските потрошувачи за време на празничната сезона.
„Никој не сака да и` наштети на божиќната сезона“, изјави Рос за Си-Ен-Би-Си.
САД во вторникот ги одложија планираните царини за лаптопи и компјутерски монитори, телефони, видео игри, играчки, облека и други производи за 15-ти декември.
Повеќето Американци купуваат вакви производи како подароци за време на празниците, додека потрошувачката на граѓаните претставува околу 70 проценти од американската економија, која е најголема економија во свет.
Facebook Forum