Линкови за пристапност

САД со можни царини за трговските партнери


Тие ќе бидат воведени за државите кои немаат добра волја да преговараат со Америка, најави претседателот

Претседателот на САД Доналд Трамп денес најави царини за државите кои не преговараат со САД со добра волја, и посочи дека тие се решение за глобалните трговски прашања.

„Царините се најдобри“, напиша Трамп на Твитер и додаде: „Или една држава ќе се однесува фер кон САД во врска со трговските преговори, или ќе се соочи со царини“.

Неколку часа претходно, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, рече дека Европа нема да се исплаши од заканите на Трамп.

„Никој нема интерес од казнени царини, бидејќи на крајот сите губат“, напиша Мас на Твитер. Тој рече дека „Европа нема да биде загрозена од претседателот Трамп. Ако еднаш отстапиме, во иднина ќе мора често да се справуваме со таквото однесување“.

Заканите на Трамп за нови царини дојдоа неколку часа пред тој да замине од Белата куќа во Канзас Сити, Мисури.

Утре во Вашингтон, Трамп треба да се сретне со шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој се надева дека ќе ги спречи трговските тензии преку убедување на Трамп да се воздржи од наметнување казнени царини за европските автомобили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG