Линкови за пристапност

САД сакаат да задржат две воени бази во Авганистан


Преговорите меѓу САД и Талибан за изнаоѓање на политичко решение за ставање крај на долгогодишниот конфликт во Авганистан се блокирани околу прашањето за постоењето на американски воени бази, вели Вахид Музда, поранешен талибански претставник кој е во редовен контакт со талибанските водачи.

„САД сакаат Талибан да прифати најмалку две воени бази, Баграм и Шорабак. Талибан не е подготвен да го прифати ова.“ рече Музда, додавајќи дека лидерите на бунтовниците не се подготвени да прифатат ништо повеќе од номинален број војници потребни за обезбедување на американската дипломатска мисија.

Виши американски извори во Вашингтон, кои се занимаваат со Авганистан анонимно за Гласот на Америка потврдија дека одржувањето на одредени воени бази во Авганистан бил главен приоритет за САД.

Ројтерс објави дека талибанските официјални претставници исто така сакаат ослободување на затворениците.

Третото големо барање е спроведувањето на шеријатот или исламскиот закон во Авганистан.

XS
SM
MD
LG