Линкови за пристапност

И демократите и републиканците против мировни разговори со Талибан во САД


Лидери на терористички организации никогаш не треба да бидат пуштени во нашата прекрасна држава, реагираа законодавци од двете партии

Откажаните планирани мировни разговори со лидерите на Талибан и авганистанскиот претседател Ашраф Гани, се сметаат за неконвенционален потег на надворешен план на претседателот на САД Доналд Трамп, реагираа законодавци од двете партии.

Трамп рече дека Гани и талибанските лидери требале да дојдат во САД во саботата вечер.

Иако државниот секретар на САД Мајк Помпео вчера изјави дека Трамп ја направил вистинската одлука да ги повика на мировни разговори талибанските лидери, законодавците сметаат дека состанокот никогаш не требало да биде планиран.

Демократскиот сенатор Боб Менендез од Комисијата за надворешни работи, изјави дека состанокот е „уште еден пример за надворешната политика на администрацијата на Трамп, која е фокусирана на Трамп како личност, а не на стратешки и методолошки напори за создавање мир“.

Републиканскиот конгресмен Адам Кинзингер на Твитер напиша:

„Лидери на терористички организации никогаш не треба да бидат пуштени во нашата прекрасна држава“.

Помпео, пак, ја брани надворешната политика на Трамп, нарекувајќи ја тешка, а не неискусна.

Тој рече дека планираните мировни разговори викендов биле организирани со надеж да ја исполнат американската цел да се стави крај на 18- годишниот ангажман на САД во Авганистан.

Преговарачи на САД и Талибан одржуваат мировни преговори речиси една година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG