ВАШИНГТОН —
Талибан во Аганистан и САД денес ќе прават пауза од седмата рунда мировни преговори, велејќи дека направиле добар напредок изминативе шест дена, во постигнување договор за странските трупи да го напуштат Авганистан. Талибан најави дека ќе ги продолжат разговорите утре.
Иако американската страна не ги коментира тековните преговори, официјални претставници на Талибан велат дека двете страни постигнале дефинитивно добар напредок во комплетирање на нацрт - решението за повлекување на трупите, како и кое ќе гарантира дека Талибан нема да ги поддржи ниту ќе дозволи меѓународни терористички групи да користат територија под талибанска контрола.
Facebook Forum