Секретарот на САД за здравство Алекс Азар ќе го посети Тајван „во наредните денови“, потег што ја налути Кина, која смета дека островот е дел од кинеското копно.
Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека Азар ќе се сретне и со претседателот.
Во изјавата објавена доцна во вторникот, американската агенција соопшти дека „историската посета на Азар ќе го зајакне партнерството на САД и Тајван, вклучително и соработката за борба против глобалната пандемија на Ковид-19“. Азар го пофали „извонредниот успех на Тајван за борбата против Ковид-19 како слободно и транспарентно демократско општество“.
Азар ќе има разговори со здравствените експерти во Тајван во врска со реакцијата на Ковид-19 на островот и нејзината улога како сигурен глобален снабдувач на медицинска опрема и критична технологија. Тој одржа ретка телефонска конференција во април со неговиот колега од Тајван, министер за здравство Чен Ших-Чунг.
Претставништвото на Тајван во Вашингтон по е-пошта испрати до Гласот на Америка порака дека „со нетрпение очекува да се вклучат робусни ангажмани на начини на кои демократиите можат заеднички да одговорат на пандемијата, а истовремено да ја зајакнат соработката меѓу Тајван и САД во областите на медицинските истражувања, безбедноста на синџирот на снабдување и глобалното здравје“.
Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека Азар ќе се сретне и со претседателот.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, им рече на новинарите во средата во Пекинг дека Тајван е „најважното и чувствително прашање во односите меѓу Кина и САД“ и го повика Вашингтон да стави крај на сите форми на службен контакт со островот за да избегне штети на билатералните односи меѓу двете најголеми економии во светот. Венг рече дека Министерството доставило протест до официјалните лица во Вашингтон.
Facebook Forum