Линкови за пристапност

Американско повлекување од Сирија со соодветно темпо


Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека 2.000 американски војници од Сирија ќе бидат повлечени со „соодветно темпо“, додека истовремено ќе продолжи борбата на војската против терористите на Исламската држава.

Трамп, во пораката на Твитер, не изнесе временски распоред за повлекување, потсмевајќи се на она што го нарече „многу неточна приказна“ на „неуспешниот Њујорк Тајмс“, во која се вели дека Трамп се повлекол од објавата на 19 декември за брзо повлекување на војниците, за што претставници на администрацијата во тоа време предвидоа дека ќе потрае околу 30 дена.

Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, во неделата изјави дека војниците на САД ќе останат во Сирија се додека исламската држава не биде поразена, а администрацијата на Трамп добие уверување дека Турција нема да ги напаѓа курдските борци во сојузништво со американските сили.

Трамп, во својата порака на Твитер напиша: „Нема разлика од моите првични изјави, ќе заминеме со соодветно темпо, додека во исто време ќе продолжиме да се бориме со ИСИС и да правиме сѐ што е неопходно.“ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1082289526339448832

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG