Линкови за пристапност

САД со свој претставник на преговорите за Сирија


На дводневните средби во Казахстан за прекин на огнот во Сирија, Стејт департментот најави дека американскиот претставник ќе има статус на набљудувач

Во разговорите за прекин на огнот во Сирија, што денеска и утре се одржуваат во Астана, Казахстан, ќе учествува и претставник на американскиот Стејт департмент, но само како набљудувач.

Потегот беше потврден во вторникот во соопштение на Белата куќа, што уследи по разговорите меѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин.

Повикот што администрацијата на Трамп го опиша како „мошне добар“, се верува дека е прв директен контакт меѓу двајцата лидери откако САД извршија воена интервенција во Сирија, како одговор на сирискиот хемиски напад, во кој загинаа околу 100 цивили.

Во соопштението на Белата куќа се додава дека Трамп и Путин разговарале за развојот на безбедни зони, „за да се постигне траен мир од хуманитарни и бројни други причини“.

Веднаш откако започнаа разговорите во Астана, спонзорирани од Русија, во северниот дел на Сирија, се случи силна експлозија во која загинаа најмалку пет лица, а неколкумина се повредени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG