Линкови за пристапност

Арапските земји предводеле во новата рунда напади против Исламската држава


Мета - рафиниериите под контрола на милитантите во Сирија, соопшти Пентагон

Армиски екипи од две арапски земји предводеа во третата рунда напади што заедно со САД ја извршија против Исламската држава. Овојпат, цел биле нафтените капацитети под контрола на милитантите во североисточниот дел на Сирија.

Пентагон соопшти дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати исфрлиле 80% од бомбите во нападите од минатата ноќ. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во нив загинале најмалку 14 милитанти и петорица цивили.

Портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Кирби кажа дека САД ќе ги испитаат наводите за цивилни жртви. Тој рече дека земјата особено внимава на тоа да спречи колатерална штета во бомбардирањето и инсистираше дека акцијата во Сирија се изведува со прецизност.

Американската централна команда, што раководи со американските армиски опреации на Блискиот Исток, рече дека најновите напади целеле на помалите рафинерии од кои милитантите добиваат профит до 2 милиони долари дневно.

XS
SM
MD
LG