САД бараат од сојузниците и партнерите на Блискиот Исток, да ги засилат напорите за уништување на Исламската држава, велејќи дека вклученоста на американските сили во Сирија „брзо ќе заврши“.
Најавата од Белата куќа доаѓа на еден ден откако претседателот Доналд Трамп, јавно ја потврди заложбата за враќање на 2.000 американски војници кои моментно се стационирани во Сирија, и покрај тоа што виши воени претставници сигнализираа дека мисијата не е завршена.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, кажа дека претседателот нема да стави произволна временска рамка за заминувањето од Сирија:
„Продолжуваме да напредуваме и да работиме со нашите сојузници и партнери во регионот. Но, сакаме да се фокусираме на транзицијата кон создавање на локални сили за безбедност. Спроведувајќи го процесот, сакаме да осигуриме дека Исламската држава нема да биде обновена“.
Пред шест дена, Трамп беше помалку дипломатски расположен за ставот на сојузниците во однос на повлекувањето на американските војници од Сирија.
И покрај неговите коментари за брзо повлекување, американските војници продолжуваат да поставуваат нови позиции во Сирија.
Тимот за национална безбедност на САД предупреди на ризикот од повторна појава на милитанти и го повика претседателот да го повлече од избрзаниот предлог за војниците.
Facebook Forum